Шах

ИГРАЧ НА ПРИЛЕП Е НА ПАТ ДА СТАНЕ СВЕТСКИ ПРВАК!

Во септември 2021 година Шаховскиот клуб Прилеп одигра во Европскиот шаховски клупски куп во Струга, а еден од неговите членови беше 15-годишниот Индиец, велемајсторот Домарају Гукеш. Токму тоа „чудо од дете“ сега ќе се бори за титулата светски шампион, со оглед на тоа што го освои првото место на „Турнирот на кандидатите“ во Торонто. А да биде уште поинтересно, противник на Гукеш ќе му биде Кинезот, велемајсторот Лирен Динг, поранешен член на скопскиот клуб Алкалоид.

Гукеш сега има 17 години, така што ако биде светски шампион ќе биде најмладиот во историјата, со оглед на тоа што Гари Каспаров и Магнус Карлсен титулата ја освоија на 22 години. Ривалот Динг има 31 година.

Од категоријата

(фото) И ДАНЕЦ НА ТУРНИРОТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ СТАНА ПРВОЛИГАШ!

Зоран Иге

ВАР-СИСТЕМ И ВО ШАХОТ?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе