100 години фудбал во Прилеп

ВИОЛИНА ВО СПОМЕН НА ПОБЕДА ВО ПОЛСКА!

Средата, 23 јули 1997 година, иако работен ден беше посебен ден за прилепска Победа и сите што го сакаат овој клуб. Тој ден е првиот настап, дебито на европската сцена, во Купот на УЕФА. Во рамките на претколото Победа првиот меч го одигра со полската Одра, во гратчето Водислав. Оттаму остана споменот преку една мала виолина, сувенир, со амблемот на клубот Одра.

Иако Победа беше сосема рамнопоравна во играта, по црвениот картон за Жилсон во 27. минута, домашните искористија три шанси и победија со превисоки 3:0, со головите на Полак, Палух и Носал.

ОДРА: Клода – Станиек, Шибик, Брзоза, Сович – Палух, Вјечорек (77. Плута), Вош (64. Носал), Скорупа – Полак, Загорски (69. Балужински). Тренер: Марчин Бохинек.

ПОБЕДА: Груевски – Грозданов (75. Хаџи – Василев), Ефремов, Ковачевиќ, Б. Нацев, Г. Најдески – Г. Лазаревски, Бочески, Жилсон – Боров, Оливеира. Тренер: Лазар Плачков.

На реваншот, и покрај гостинското водство преку Загорски, Победа победи со 2:1, со двата гола на Оливеира.

Од категоријата

ШПАНСКИ ЅВЕЗДИ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

АВТОМОБИЛ ЗА НАЈСРЕЌНИОТ НАВИВАЧ НА ПОБЕДА!

Зоран Иге

НАЈГОЛЕМИОТ ПРИЛЕПСКИ ТАЛЕНТ ОДБИ ДА БИДЕ РОБОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе