Пинг-понг

(фото) ДЕНЕСКА ПРИЛЕПСКОТО ДЕРБИ БЕШЕ ВО ОСУМ ПАРТИИ!

Нема да се чека сабота 25 мај за да се добие првиот финалист во плејофот за пингпонгарски шампион на Македонија, затоа што денеска се одиграа двата меча (првиот и реваншот) од полуфиналето. Во Пингпонгарската арена „Младост 96“ во Прилеп се сретнаа прилепските ривали, Младост 96 и Младост.

Се одигра речиси без прекин од 11 до 15 часот. Првиот меч го доби Младост 96 со 4:0. Две партии доби Србинот Ѓорѓе Борчиќ, по една Антонио Стомнароски и Андреј Лашкоски. На вториот дуел, реваншот, Младост 96 пак победи со 4:0. Овојпат Антонио Стомнароски доби две партии, по една  Андреј Лашкоски и Ѓорѓе Борчиќ. Екипата ја водеше тренерот Гоце Тошески.

За поразениот тим Младост успех е и самото учество во полуфиналето од плејофот. Настапија: Зоран Јованоски, Дамјане Стојчев и Лука Стојчев. Екипата ја водеше тренерот и играч, Зоран Јованоски.

Претстои финалето. Таму екипата Младост 96 во битката за титулата ќе се сретне со поуспешниот од дуелот Крива Паланка – Телекмо нец 2 од Скопје.

Од категоријата

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ МОЖЕ ДА БИДЕ ЕСЕНСКИ ПРВАК!

Зоран Иге

КОЈ ЌЕ БИДЕ ЕСЕНСКИ ПРВАК СЕ ОДЛУЧУВА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

БОРБАТА ЗА ПЕХАРОТ ПОЧНУВА ОД ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе