Фудбал

(фото, состави) ДЕНЕСКА СПАСОТ ЗА ПОБЕДА  БЕШЕ – БАШКИМИ!

Драматично беше денешното 30. последно коло од Втората фудбалска лига на Македонија. Во борбата за опстанок беа Победа со 28 бода, Осогово и Тетекс по 27, Саса со 26. Но, се се испреврте, по овие резултати: Победа – Беса 1:5, Осогово – Пелистер 3:0, Башкими – Тетекс 1:0, Саса – Вардар Н. 5:3. Според ова, конечниот редослед е: Осогово 30, Саса 29, Победа 28, Тетекс 27. Тоа значи – Осогово и Саса имаат опстанок, Победа оди во бараж-меч, Тетекс отпаѓа, покрај Караорман кој веќе беше отпаднат. Екипата Победа можеше да отпадне ако Тетекс победеше во Куманово, но Башкими издржа 98 минути за победа од 1:0. Така Победа има можност за спас преку баражот, доколку на тој меч биде победник, а можниот противник е по ждрепката заедно со третолигашките прваци: Борец од Велес (Југ), Вардарски од Богданци (Исток), Куманово (Север), Кораби од Дебар (Југозапад), Влазерими од Кичево (Запад).

Инаку, на денешниот меч на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп , Победа – Беса 1:5. Гостите се чинеше дека ќе бидат немотивирани, но како да сакаа на ваков начин да потврдат колку вредат за учество во прволигашкиот ранг. Стрелци: Давид Дебрешлиоски во 62. (Победа) – Ерсин Шабани во 23., Филип Алексовски во 31., Меметриза Хамза во 48., Бурим Садики во 88., Албан Таипи во 89. (Беса).

Пред натпреварот Беса прими честитки за првото место од домашниот тим Победа, а по мечот претставникот на ФФМ, Сашко Тасев, му го врачи шампионскиот пехар на капитенот Изаир Емини.

ПОБЕДА: Столевски, Сарески (58. Г. Димоски), Новески, И. Трајкоски, Адили (79. Арифи), Поп-Антоски, Паскоски, Ивчески, Л. Петејчук (50. Д. Дебрешлиоски), Да. Спиркоски (79. Тасески), Богевски (46. Д. Шаркоски). Тренер: Стојанче Дунимаглоски.

БЕСА: Силјановски, Љамалари (58. Радевски), Емини (58. Садики), Борха (46. Мислими), Скендери (46. Таили), Ариф, Ракипи (46. Хамза), Алексовски, Белупи, Шабани, Мециновиќ. Тренер: Александар Таневски.

 

РЕЗУЛТАТИ 30. КОЛО: Победа – Беса 1:5,  Охрид – Кожуф 2:0, Детонит – Караорман 2:0, Саса – Вардар Н. 5:3, Новаци – Скопје 2:1, Беласица – Арсими 2:1, Осогово – Пелистер 3:0, Башкими – Тетекс 1:0.

ТАБЕЛА: Беса 77, Пелистер 70, Детонит 60, Арсими 51, Охрид 45, Беласица, Вардар Н. и Башкими 42, Скопје 41, Кожуф 38, Новаци 34, Осогово 30, Саса 29, Победа 28, Тетекс 27, Караорман 15.

 

 

 

Од категоријата

СЕКОЈ ДЕН НОВОСТИ!

Зоран Иге

(ФОТО) ПРИЛЕПСКИ ОТПОР НА ЕКСШАМПИОНОТ!

Зоран Иге

СИТЕ ПРВЕНСТВА ЗАВРШИЈА, А ОВА Е ДАЛЕКУ ОД КРАЈОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе