Фудбал

ПОБЕДА ЕДЕН ДЕН ПОРАНО ВО СКОПЈЕ!

Се што се случуваше во второлигашката сезона останува зад нас како неважно, затоа што претстои она најважното – бараж-мечот за место во следнава сезона од Втората фудбалска лига на Македонија. В сабота во 17 часот, на Стадионот „Ѓорче Петров“ во Скопје, екипата на Победа (14-та од Втората лига) за ривал го има Куманово (прв во Третата лига – Север). Прва логика, според рангот е дека Победа е фаворит, но ништо не е однапред дадено и мора на теренот да се избори. Оттука разбирлива е сета сериозност во прилепскиот клуб за да се извлече максимумот од играчите баш сега, кога е најпотребно.

Од Победа е информацијата дека патувањето кон Скопје е ден порано од денот на натпреварот, значи в петок. Екипата по пристигнувањето ќе биде в карантин до почетокот на мечот, како што вообичаено се прави за најзначајните натпревари. Во врска со играчкиот кадар, на располагање се сите и нема отсутни.

Околу клубот се слуша дека и навивачите се организираат, па се очекува група со вообичаени реквизити да даде поддршка во дуелот со Куманово.

 

Од категоријата

ТРЕТИОТ ГОЛ ВО КАМЕНИЦА Е ЗА ПОБЕДА!

Зоран Иге

ИРЦИТЕ ПОТВРДИЈА

Зоран Иге

В САБОТА ПРВОЛИГАШ ГОСТУВА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе