Фудбал

ГОДИНА И ПОЛ БЕЗ ПОРАЗ, ДОАЃААТ ВО ПРИЛЕП!

Утре (сабота) од 16 часот е последното 27. коло во Првата женска фудбалска лига на Македонија. На игралиштето со вештачка трева во Прилеп е дуелот Цевитана – Саса. Мечот ништо значајно не одлучува, затоа што Саса, екипата од Македонска Каменица, го има загарантирано второто место од табелата, а за прилепскиот тим Цевитана е последното, 10. место кое води ранг подолу. Интересно е тоа што Саса е толку силна, што нема првенствен пораз веќе година и пол. Последниот и се случи на 19 ноември 2022 година, дома со 0:1 од струмичка Тиверија. За Саса настапуваат фудбалерки од странство, како Рената Бруна Фереира да Силва, Мајса Бенедито Делгадо и Туане де Соуза Фрагосо (Бразил), Мишел Катерине Руеда Гонзалез (Панама), Нанока Иругичи (Јапонија).

ПОСЛЕДНО 27. КОЛО: Цевитана – Саса, Скопје – Топ гол, Истатов – Шкендија, Ас јунајтед – Тиверија, Љуботен – Речица.

ТАБЕЛА: Љуботен 69, Саса 68, Ас јунајтед 48, Тиверија 46, Скопје 44, Шкендија 25, Истатов и Речица 22, Топ гол 18, Цевитана 13.

Од категоријата

ДРАМАТИЧНИ ТРИ МИНУТИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: ФУДБАЛ И НА ВЕЛИГДЕН!

Зоран Иге

(фото) ОФС ПРИЛЕП: МАКСИМАЛНИ БОДОВИ САМО КАДИЦА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе