Фудбал

(фото, состави) ПРИЛЕП: МНОГУ ГОЛОВИ ЗА КРАЈ!

На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп се одигра финалниот меч од Купот за територијата на ОФС Прилеп, Победа (Прилеп) – Црвена ѕвезда (Сенокос) 14:0. На крајот од сезоната второлигашот се покажа пресилен во однос на новиот третолигаш. Првото полувреме беше многу поскромно со голови, 4:0. Имаше и убави акции од кои беа затресени мрежите. Публиката виде надарени млади играчи, како Марио Тасески со силниот удар оддалеку, па Салим Арифи со умешноста на мал простор… Интересно е и тоа што меѓу стрелците е и голманот Антонио Столевски, кој реализира пенал. Стрелци: Христијан Поп-Антоски 3, Салим Арифи 2, Марио Тасески 2, Дестан Адили 3, Димитар Шаркоски, Дарио Спиркоски, Антонио Столевски (п), Давид Дебрешлиоски.

Екипата Победа продолжува натаму во Купот, меѓу учесниците од цела Македонија, а за Црвена ѕвезда е значајно тоа што оваа година го постигна големиот успех, пласманот во Третата лига – Југ, ранг каде има надеж дека ќе може да опстојува, со неколку засилувања.

ПОБЕДА: Столевски, М. Талески, Поп-Антоски, Паскоски (46. Ивчески), Новески, Крајоски (46. Д. Дебрешлиоски), Тасески, Л. Петејчук (46. Да. Спиркоски), Арифи (46. Адили), Табаковиќ (46. Богевски), Д. Шаркоски. Тренер: Жарко Димески.

ЦРВЕНА ЅВЕЗДА: Карафилоски (46. Тркалески), Попоски (46. Димоски), Ѓорѓиоски (70. М. Тошески), Петрески (62. Кузманоски), Илиоски (70. Ангелески), Мирчески, В. Тошески, Ачкоски, Велкоски, Цветкоски, Радески. Тренер: Трајче Јаковлески.

Од категоријата

ДАЛИ ЌЕ СЕ АКТИВИРА УШТЕ ЕДЕН КЛУБ ВО ПРИЛЕП?

Зоран Иге

ДЕТАЛИ ЗА ДЕСЕТТЕ НОВИ ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

ИЗДРЖАА 90 МИНУТИ БЕЗ РЕЗЕРВИ И ДАДОА 11 ГОЛА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе