Не е далеку денот кога и во фудбалот, според примерите во кошарката, одбојката или ракометот, ќе биде воведена можноста за тајмаут по барање на тренерите. Ова е претпоставка спомната на Хрватската телевизија од страна на Томислав Ивковиќ, некогашниот голман на Југославија, а сега во улога на коментатор-аналитичар во емисијата „Еуро 2024“. Се смета дека и на фудбалските тренери им треба минута-две во текот на полувремето за одблиску да дадат совети кон фудбалерите.
Претпоставката е дека тајмаутот би можел да биде воведен до следното Светско првенство 2026, во Канада, САД и Мексико.