Фудбал

ПОБЕДА: ДОЈДЕ КРИЛЕН НАПАЃАЧ!

Второлигашот Победа доведе уште еден нов фудбалер во своите редови. Станува збор за 21-годишниот крилен напаѓач Амир Фејзуловски, битолчанец кој досега беше член на второлигашот Детонит од Радовиш. Претходно, уште на првиот собир во средата, се приклучи неговиот сограѓанин 20-годишниот Мартин Андоновски, досегашен играч за врска од гевгелиски Кожуф. Од прилепскиот клуб информираат дека преговараат со повеќемина, па нови се очекуваат и следниве денови.

Во врска со пријателските натпревари, договорен е дуел со второлигашот Башкими во Куманово за 27 јули. Претходно беше донесен следниот распоред: на 17 јули со Борец во Прилеп, на 20 јули со Вардар Неготино во Прилеп, на 31 јули со Охрид, на 3 август со Беласица, на 10 август со Брегалница Штип. Останува да се договори уште еден ривал за 23/24 јули.

Тренинзите почнати во средата продолжуваат секојдневно во два термина – претпладне и попладне.

Од категоријата

 (фото, состави, стрелци) „НОЖИЧКИ“ И СЛОБОДЕН УДАР ПРЕСУДНИ ЗА ФИНАЛЕ!

Зоран Иге

(фото, состави, стрелци) ШЕСТИОТ ПЕНАЛ ОДЛУЧИ ЗА ПЕХАРОТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: НЕВЕРОЈАТНО – ВТОРПАТ ДАДОА 12 ГОЛА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе