Ракомет

ПРИЛЕП: ДВЕ ЕКИПИ ВО ИСТА САЛА ИМААТ ПРВ СОБИР!

Како ретко кога, се совпаѓа денот за почеток на подготовките на двата прилепски ракометни клуба. За в понеделник (5 август) во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ најавен е првиот собир и на машкиот суперлигаш Прилеп и на женскиот суперлигаш Деспина.

Прво од 18 часот ќе се случи првиот собир на машкиот суперлигаш Прилеп, предводен од тренерот Божидар Мојсов. Тогаш ќе се види дали ќе има уште некој нов во клубот покрај веќе приклучените, голманот Стефан Христоски од Партизан (Белград, Србија), пивотот Александар Тренчевски (Струга), како и бековите – Божидар Илиески (Мултиесенс Скопје) и Никола Јеремиќ (Елвиес, Шпанија).

Во 20,30 часот вечерта прв собир ќе има и женскиот суперлигаш Деспина, со новиот тренер Адријано Котевски. Во врска со играчкиот кадар првите новости ќе можат да се видат токму тогаш, кога ќе бидат познати и деталите околу планот на подготовките за новата сезона.

Првенствата обично почнуваат во првата декада или во средината од септември.

Од категоријата

ЗА КОГО ЌЕ БИДАТ СЕДУМТЕ НАГРАДИ НА „МИЛЕ НЕШКОВСКИ“ ВО ПРИЛЕП?

Зоран Иге

МОЈСОВ ГО ЗАКАЖА ПРВИОТ ТРЕНИНГ

Зоран Иге

ТРЕТПАТ САКААТ ПЕХАР ОД ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе