Ракомет

ПРВИОТ ТРЕНИНГ Е В СРЕДА

Следната среда, на 27 јули ќе стартуваат подготовките на машкиот ракометен суперлигаш Прилеп, под водство на Грузиецот Реваз Чантурија. Тој досега беше играч и капитен, а отсега натаму ќе има и трета улога – шеф на Стручниот штаб. Негов помошник ќе биде Рубин Лашкоски. Клубот Прилеп кој минатата сезона успеа да го задржи суперлигашкиот статус, за следната сезона ќе има значително изменет играчки кадар. Познато е дека досега седуммина заминаа – двајца Грузијци, голманот Зураби Цинцадзе и левото крило Казеин Рустамов, десниот бек Хари Павлов, левите бекови Владимир Трајкоски и Даниел Андоновски, пивотот Марко Трајковски, средниот бек Марио Гичев. Но, во прилепскиот клуб не седат со скрстени раце и даваат максимум за да се претстават достојно и во претстојното првенство. Во таа насока е настојувањето да се задржи дел од костурот, со тренерот-играч на десното крило Чантурија, неговиот сонародник, средниот бек Мириани Гавашелишвили, левиот бек Давор Шокоски, левото крило Христи Бикоски, па Стефан Лозаноски, Филип Адамчески, Мартин Карафилоски, Никола Стојкоски, Лео Дамчевски, Иван Ангелески, Стефан Христоски и ред  други помлади ракометари… Клубот е во преговори со неколку потенцијални засилувања.

Во рамките на подготовките ќе има серија пријателски мечеви, меѓу кои се неколку во рамките на турнирот „Миле Нешкоски“, во група со Струга и Паок, потоа со Мултиесенс, Скопје или Дубочица.

Од категоријата

ПРВПАТ ПРЕД ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА

Зоран Иге

ГРЦИТЕ ВО ПРИЛЕП СО МАКЕДОНЕЦ НА ГОЛОТ!

Зоран Иге

ОД ДОМА НИТУ БОД – ОД ГОСТИ ЧЕТИРИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе