Во Фудбалскиот клуб Победа одлучија да се одиграат уште два контролни меча во пресрет на првенството од Втората лига кое стартува на 17 август. Така, в среда (7 август) во 17, 30 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп ќе се одигра пријателскиот меч Победа – Македонија ЃП. Ова е добар тест во кој се среќаваат екипи кои беа прволигаши, Победа пред една година, а Македонија ЃП пред два месеца. Според распоредот на новото првенство од Втората лига, Македонија ЃП против Победа ќе игра во Скопје, во 3. коло на 1 септември.
Екипата на Победа е во преговори за седми, последен пријателски меч, за в сабота, 10 август.