Шах

ЕВРОПСКО: ПРИЛЕПСКИОТ ФИДЕМАЈСТОР Е ПРИ ВРВОТ!

Во Мали Лошињ (Хрватска) во тек е Европското аматерско шаховско првенство, на кое учествува и фидемајсторот Роберт Велески од Прилеп. Тој е во најсилната од трите групи, во групата шахисти со рејтинг до 2300 поени. По одиграните четири кола е на третата позиција со 3 поени, веднаш под Кораб Сарачи од Косово со 4 и Иван Иванчиќ од Хрватска со 3 поени. Прилепчанецот одигра реми со Седрик Блузен од Франција и со Томислав Коледњак од Хрватска, а ги совлада Филип Цвитковиќ од Хрватска и Олена Луценко од Словенија. Во групата се 19 шахисти од 8 држави: Хрватска, Шпанија, Франција, Италија, Косово, Македонија, Словенија и Словачка. Во денешното 5. коло Велески со бели фигури игра против водечкиот Сарачи. Првенството завршува в недела, со одигрувањето на деветтото коло.

На Европското, но во групата на шахисти со рејтинг под 2000 поени е Дино Табаковски од Скопје, кој по четири кола е на 11. место меѓу 41 учесник.

Од категоријата

ПРИЛЕП СО НАЈГОЛЕМ УСПЕХ ДОСЕГА

Зоран Иге

САМО ОВДЕ ИМА БОРБА НА 12 ПРОТИВ 79-ГОДИШНИК!

Зоран Иге

ПРИЛЕП ГО СРУШИ ИТАЛИЈАНСКИОТ ЛАЦИО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе