Ракомет

ПРИЛЕП: ПУБЛИКАТА В САБОТА ЧЕТИРИ ЧАСА В САЛА!

Претстојнава ракометна сезона стартува в сабота, 7 септември. Тогаш се првите есенски натпревари и во машка и во женска конкуренција.

Според распоредот, двете сениорски екипи од Прилеп се домаќини. Така, во ист ден, в сабота, во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ се играат два меча, така што публиката четири часа може да се изнагледа ракомет. Прво од 16 часот е женскиот дуел Деспина – Вардар, од 1. рунда на Супер-женската лига В-група. Веднаш потоа, од 18, 30 часот, е машкиот дуел Прилеп – Пролет, во 1. коло на Супер-машката лига.

Во Супер-женската лига се 15 тима распоредени во три групи, а во Супер-машката се 12 тима.

Од категоријата

ПРИЛЕП ОД АУТСАЈДЕР ДО ФАВОРИТ!

Зоран Иге

(фото) УШТЕ ЕДЕН КЛУБ НА ГРАДСКИ, ОСВЕН ПОБЕДА!

Зоран Иге

(фото) КРАЈ СО МНОГУ ГЛЕДАЧИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе