Наместо четвртото, денеска се одигра петтото коло од Втората фудбалска лига на Македонија. Во Струмица, Беласица – Победа 1:1. Домашните поведоа со голот на Димче Јовов во 25. минута, а израмни Христијан Кукески во 34. Ова е вреден бод за Победа, во пресрет на трите мечеви на домашен терен – два за првенство (со Арсими и Охрид) и еден за Куп (со прволигашот Гостивар).
БЕЛАСИЦА: Трајков, Милушев, Попоски, Кочанковски (66. Стојанов), Христовски, Љумовиќ (57. Мустафа), Сулев (75. М. Дебрешлиоски), Капсаров, Глигоров (57. Мандак), Стоилов, Јовов. Тренер: Александар Стојанов.,
ПОБЕДА Столевски, Ивчески, Андоновски (68. И. Трајкоски), Д. Дебрешлиоски (60. Ристов), Јошески (85. Арифи), Н. Талески (85. Ангелковски), Д. Шаркоски, Кукески, Кофиловски, Ѓурчиновски (85. Да. Спиркоски), Богевски. Тренер: Јане Николоски.
РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО: Беласица – Победа 1:1, Кожуф – Вардар Н. 3:2, Детонит – Скопје 1:0, Брегалница – Осогово 1:1, Борец – Вардарски 3:1, Арсими – Новаци 1:0, Македонија ЃП – Саса 1:1, Охрид – Башкими 0:1.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП, Брегалница и Кожуф 10, Арсими и Башкими 9, Детонит 7, Новаци 6, Скопје 5, Победа и Вардар Н. 4. Беласица и Борец 3, Вардарски, Саса и Осогово 2, Охрид 1.
СЛЕДНО 4. КОЛО (25 септември, среда, во 15 часот): Победа – Арсими, Вардар Н. – Охрид, Башкими – Беласица, Новаци – Македонија ЃП, Саса – Борец, Вардарски – Брегалница, Осогово – Детонит, Скопје – Кожуф.