Фудбал

ДЕНЕСКА ЕДЕН ЧАС ПОРАНО НА ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН!

Денешните натпревари од 6. рунда на Втората фудбалска лига на Македонија се закажани за 14 часот, што е час порано во однос на претходното коло, во средата. И прилепските љубители на фудбалот совреме треба да ги извршат сите обврски, особено поврзани со пазарењето во сабота, за да стигнат навреме на трибината од Градскиот стадион „Гоце Делчев“, каде ќе има интересен дуел Победа – Охрид.

Што се однесува до овој меч, екипата Победа во период од четири дена е пред втората домашна шанса за триумф. Тимот Охрид откако во средата изненади со победа во Неготино со Вардар, сега доаѓа оптимистички и во Прилеп. Лани есента охриѓаните зедоа бод од прилепскиот терен, дали Победа денеска тоа ќе им го дозволи? Претстои интересен меч за публиката, имајќи предвид дека двата тима есенва освоија по 4 бода.

ДВОЈКИ 6. КОЛО (денеска во 14 часот): Победа – Охрид, Вардар Н. – Башкими, Новаци – Беласица, Саса – Арсими, Вардарски – Македонија ЃП, Осогово – Борец, Скопје – Брегалница, Кожуф – Детонит.

ТАБЕЛА: Брегалница 13, Арсими 12, Кожуф 11, Детонит, Македонија ЃП и Башкими 10, Новаци 9, Скопје 6, Саса 5, Победа, Вардар Н., Беласица и Охрид 4, Борец 3, Вардарски и Осогово 2.

Од категоријата

(резултати, стрелци) ДВЕ ИЗНЕНАДУВАЊА, СО ДЕСЕТ-НУЛА И ЕДЕН-ДВА!

Зоран Иге

(ВИДЕО) МАЛАТА БОСАНКА УСПЕШНО ГО ЧУВА ПРИЛЕПСКИОТ ГОЛ!

Зоран Иге

ТУРНИРОТ ПОЧНА СО МНОГУ ПЕНАЛИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе