Денеска немаше меч без голови во 4. рунда од Третата лига – Југ, а најмногу паднаа на дербито во Прилеп. На игралиштетото со вештачка трева, Ултрас – Башкими 5:5. Домашните водеа со 4:1 и со 5:3, но гостите стигнаа до нерешен резултат. Последниот гол го даде Албим Јашари од пенал во 89. минута. Второто дерби беше во Долни Дисан, каде Големо Коњари со 2:0 го совлада Венец.
РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО: Превалец – Слога 6:0 (Дејан Стефановски 2, Трајче Ѓорѓиевски 2, Стефан Коџабанов, Емир Каришиќ автогол) , Венец – Големо Коњари 0:2 (Ерџан Ибраимоски 2), Обршани – Питу Гули 0:2 (Филип Кукески 2), Росоман – Дреново 1:1 (Драган Митров – Армен Мемедов), Младост – Влазними јуниор 5:0 (Антонио Димоски 3, Дарко Чапкуноски 2), Ултрас – Башкими 5:5 (Христијан Свртиновски, Игор Паноски, Мартин Мечев, Бобан Тошески, Миодраг Тасески – Зани Ахмедовски 2, Лавдрим Лазами, Шпенди Ахмедов, Албим Јашари), Бучин слободен.
ТАБЕЛА: Големо Коњари 9, Башкими 8, Превалец, Венец, Питу Гули и Ултрас 7, Дреново 5, Младост, Росоман и Слога 4, Влазними јуниор 3, Бучин 1, Обршани 0.
СЛЕДНО 5. КОЛО (6 октомври во 14 часот): Башкими – Превалец, Влазними јуниор – Бучин, Дреново – Младост, Питу Гули – Росоман, Големо Коњари – Обршани, Слога – Венец, Ултрас слободен.