Фудбал

ЕКС-ВТОРОЛИГАШИ СЕ ИЗНАДАВАА ГОЛОВИ ВО ПРИЛЕП!

Неготински Вардар, крушевско Питу Гули и Големо Коњари и по петтото коло од Третата лига – Југ се без пораз. Денеска Вардар победи со 3:1 во Обршани со головите на Петар Ристовски, Борче Гогов и Даниел Буровски, додека единствениот гол за домашните го даде Антонио Димоски. Тимот на Питу Гули на игралишето кај Могилата во Прилеп со 7:3 ја совлада Локомотива од Градско. Во дуелот на екс-второлигашите, за домашните стрелци беа Беким Алимоски 3, Унча Бојаџиески, Коста Степаноски, Ѓорѓи Стрезовски и Мартин Талески, за гостите Дарио Петров сите три. Екипата Големо Коњари со 3:0 беше подобра од Канатларци во Тополчани. Стрелци: Николај Даноски, Мустафа Селманоски и Ерџан Ибраимоски.

ДРУГИ РЕЗУЛТАТИ: Превалец – Бучин 4:2, Младост – Марена 0:4, Росоман – Слога 6:1.

ТАБЕЛА: Во водство е Вардар Н. со 15 бода, пред Питу Гули и Големо Коњари по 13.

СЛЕДНО 6. КОЛО (9 октомври во 14 ч.): Бучин – Слога, Локомотива – Росоман, Вардар – Питу Гули, Големо Коњари – Обршани, Марена – Канатларци, Превалец – Младост.

Од категоријата

ОДМОР УШТЕ ТРИ ДЕНА!

Зоран Иге

ЧЕТВРТИОТ ГОСТУВА ОД 13 ЧАСОТ!

Зоран Иге

(аудио) ТРЕНЕРОТ НА КУМАНОВО: ПОБЕДА Е ФАВОРИТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе