Пинг-понг

РЕКОРД: СЕДУМ ТИМА ТРЕНИРААТ ВО ЕДНА САЛА!

Спортот ја игра својата улога во општеството само ако во него се случуваат убави, позитивни нешта. Таков пример е пинг-понгот. Во Пингпонгарската сала во Прилеп тренираат и играат натпревари дури седум екипи. Кога се сака, се се може!. Братски се договараат за термините. Покрај сениорските машки на клубовите Младост и Младост 96, членови на Супер лигата, обновен по седум-осум години е клубот Прилеп, кој ќе учествува во Втората лига. Исто така, тука е женската сениорска екипа на Младост 96, а во системот-натпревари од Пингпонгарската федерација на Македонија се и јуниорскиот машки тим на Младост , како и два јуниорски тима – женски и машки од Младост 96.

Претходниов викенд стартуваа јуниорските лиги, а следниот на ред се сениорските.

Од категоријата

ЕДЕН ПРИЛЕПСКИ ТИМ ОДИ ВО ФИНАЛЕТО!

Зоран Иге

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ДОАЃАЊЕ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ Е НА ЧЕКОР ДО ТИТУЛАТА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе