Прилепска Победа двапати со ред е поврзана со Гостивар. Вчера, во рамките на 16-финалето од Купот на Македонија одигра против екипата Гостивар, а в недела во 7. рунда од Втората лига на Македонија се среќава со кумановско Башкими, но во Гостивар. Така е затоа што Башкими е под суспензија за неиграње на својот терен.
Победа во второлигашкото првенството двапати во серија беше домаќин (на Арсими и Охрид), а следат два меча како гостин (на Башкими и Вардар Неготино).