Фудбал

(фото) ПРИЛЕП: ПОБЕДА ИЗНЕНАДИ СО ДОБРА ИГРА И ТРИУМФ ПРОТИВ ПРВОЛИГАШОТ!

Денешниот пријателски меч меѓу второлигашот Победа од Прилеп и прволигашот Воска од Охрид го доби домаќинот со 1:0, со голот на Давид Јошески во 64. минута. Убав резултат за екипата на Победа во овој тежок период, во кој по оставката на Јане Николоски, местото шеф на Стручниот штаб го презеде Стојанче Дунимаглоски. Практично, Дунимаглоски може да се каже дека почнува со победа, иако на пријателски меч, сепак важен, за враќање на тимот на потребното ниво.

Првото полувреме беше без голови. Гостите имаа шанси, но по заслуга на прилепската одбрана, како и на одличниот голман Антонио Столевски, домашната мрежа остана недопрена. На спротивната страна убав потег на домашниот стопер Христијан Кукески, но ударот со глава помина за малку покрај дирекот.

Во вториот дел пак добра игра на Победа, борбена и напаѓачка. Се заредија напади и закани кон гостинскиот гол. Младиот прилепски тим ги изненади гледачите со прикажаното. Разиграни и поискусните, како Христијан Кукески, Стефан М. Спиркоски, а и помладите – од голманот Антонио Шемкоски, преку Давор Богевски, до Марио Тасески и високиот и долгоног Салим Арифи… Се на се, одличен впечаток остави Победа пред гостувањето кај Вардар Неготино, по седум дена.

ПОБЕДА: Столевски, Ивчески, Кофиловски, Кукески, Ѓурчиновски, Богевски, Да. Спиркоски, Д. Дебрешлиоски, Андоновски, Табаковиќ, Јошески. Во вториот дел уште: Шемкоски, Арифи, Тасески, М. Талески, Ристов, С. М. Спиркоски, С. П. Спиркоски, Крајоски, Бончаноски.

 

 

Од категоријата

ЗАСИЛУВАЊАТА ОД СТРАНСТВО СЕ ПРИКЛУЧУВААТ НА 1 ФЕВРУАРИ!

Зоран Иге

ВАЛЕНСИЈА 1982 – ПРИЛЕП 2023

Зоран Иге

ПОБЕДА ДО УЕФА ГО ПРИЈАВИ СТАДИНОТ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе