Вчера, на пријателскиот меч Победа – Воска (1:0), во улога на тренер на голманите на прилепскиот второлигаш беше Дејан Кебакоски. Тој е на местото од Христијан Сркески, кој по кус период од четири месеци се повлече поради презафатеност со други професионални обврски. Кебакоски е познат тренер, бидејќи пред 16 месеци беше во истата улога во Победа, во прволигашката сезона.
По оставката на Јане Николоски, шеф на Стручниот штаб на Победа е Стојанче Дунимаглоски.