Фудбал

ПОБЕДА ВТОРПАТ ЕСЕНВА ВО СТРУМИЦА!

Победа в сабота (14 ч.) му гостува на Вардар, но поради суспензијата на неготинскиот тим ќе се игра во Струмица, на Спортскиот центар „Пандев“. Прилепскиот тим има шанса за прекинување на лошата серија од три порази, со оглед на тоа што во истиот град Струмица, пред неполн месец беше одиграно реми (1:1) со Беласица, а задутре противник е тим (Вардар) што има само бод повеќе. По оставката на Јане Николоски и повлекувањето на помошникот Христијан Сркески, новиот шеф Стојанче Дунимаглоски има нов помошник, Дејан Кебакоски. Го водеа тимот кој дома со 1:0(стрелец: Давид Јошески) го совлада прволигашот Воска, на пријателски меч.

ТАБЕЛА: Брегалница 17, Македонија ЃП и Башкими 16, Арсими 15, Кожуф и Детонит 12, Новаци и Охрид 10, Саса 9, Скопје 8, Беласица 6, Вардар Н. и Осогово 5, Победа и Борец 4, Вардарски 2.

Од категоријата

ПОБЕДА ИМА ИГРАЧИ СО ПРОСЕК ОД 18 ГОДИНИ!

Зоран Иге

(фото, состави) ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ, А БОРБА КАКО ЗА БОДОВИ И СО ЦРВЕН КАРТОН ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ДЕНЕСКА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА ДОМА ПРОТИВ ПРВОЛИГАШ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе