Фудбал

(фото, состави, стрелец) ВО ПРИЛЕП КЛУЧНА 84. МИНУТА!

Прилепска Победа врзува серија успешни резултати. По победата врз Вардар од Неготино на гостинскиот терен во Струмица од 2:1, денеска со 1:0 соваладано дома е Новаци. Стрелец на победоносниот гол е Давид Јошески, фудбалер кој има настапи и во прволигашката конкуренција, а неодамна се врати од Пелистер. По претходна течна комбинација (Марко Ристов – Стефан. П. Спиркоски – Никола Талески – Димитар Шаркоски) беше убаво проигран во празно, сврти налево, се ослободи од своите чувари на вешт начин и со сигурен удар го совлада гостинскиот голман. Голема радост на домашната публика пред крајот, во 84. минута!.

Претходно се водеше голема борба, со неколку зрели шанси на двете страни, а погодена двапати беше и гредата.

 

ПОБЕДА: Столевски, М. Талески, Ивчески, Андоновски, Н. Талески, Д. Дебрешлиоски (81. С. П. Спиркоски), Јошески, Кукески (51. Ристов), Кофиловски, Да. Спиркоски (70. Д. Шаркоски), Богевски. Тренер: Стојанче Дунимаглоски.

НОВАЦИ: Симоновски, Петкоски, Шабанов, С. Стефановски, Здравевски, Б. Стефановски (84. Сефедин), Торнески (56. Трифуновски), Пивковски, Јовановски, Милевски (65. Крклински), Исмаил. Тренер: Дарко Крстески.

РЕЗУЛТАТИ 9. КОЛО: Победа – Новаци 1:0, Брегалница – Вардар Н. 2:0, Борец – Детонит 0:0, Македонија ЃП – Кожуф 3:0, Арсими – Скопје 0:0, Беласица – Осогово 1:0, Охрид – Вардарски 3:0, Башкими – Саса 2:1.

 

 

ТАБЕЛА: Македонија ЃП 22, Брегалница 21, Башкими 20, Арсими 19, Охрид 16, Кожуф 15, Детонит 14, Беласица 12, Новаци 11, Победа 10, Саса и Скопје 9, Вардар Н., Осогово и Борец 5, Вардарски 2.

 

СЛЕДНО 10. КОЛО (вторник, 29 октомври, 13 часот): Саса – Победа, Вардр Н. – Новаци, Вардарски – Башкими, Осогово – Охрид, Скопје – Беласица, Кожуф – Арсими, Детонит – Македонија ЃП, Брегалница – Борец.

Од категоријата

(резултати, состави, стрелци) ПОБЕДА МУ ЗЕДЕ БОД НА ФАВОРИТОТ!

Зоран Иге

ВИКЕНДОВ ФУДБАЛ НА СЕДУМ ТЕРЕНИ НИЗ ПРИЛЕПСКО!

Зоран Иге

ПОЛН ТЕРЕН СРЕД ЛЕТО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе