Борачкиот клуб 7 Мај од Прилеп успешно настапи на два турнира за краток период од три дена. Првите два дена беше учеството на Меѓународниот турнир во Самоков, Бугарија. Таму Тамара Цветкоска го освои првото место со златниот медал во категоријата до 61 килограм, додека Ангела Трајкоска стигна до петтото место во групата до 53 килограми тежина.
Вчера се случи учеството на Меморијалниот турнир „Тони Танчев“ во Конче, каде Тамара Цветкоска пак стигна до златниот медал, сега во категорија до 58 килограми. Учествуваа уште две девојки – Ангела Трајкоска која стигна до второто место во групата до 50 килограми и Марија Велјаноска која го освои третото место до 41 килограм тежина.
Во 7 Мај, клуб кој одбележува точно 20 години постоење, се мошне задоволни од настапите и резултатите на борачите, предводени од тренерите Теодора Димеска и Стојанче Тушески.