Фудбал

( фото, состави, стрелци ) ВО ПРИЛЕП ПРЕСВРТ ПО 0-2!

Прилепска Победа се врати на победничката патека, по денешниот триумф од 6:2 врз Вардарски од Богданци, во 11. коло од Втората фудбалска лига на Македонија. Не беше лесно, затоа што гостите изненадија со водството од 2:0. Имено, со головите на Никола Стојков во 10. и Ристо Миленковиќ во 20. минута Вардарски поведе со 2:0. Сосема неочекувано, ако се знае дека Вардарски е последен на табелата со 2 бода.

Сепак, пресвртот се случи по 31. минута. Тогаш на 1:2 намали Давид Јошески. Истиот играч, Давид Јошески, даде гол и во 34. минута за израмнување на 2:2. Така се отиде на одмор. Во вториот дел четири гола со ред на Никола Талески, во 51., 58., 86. и 91. минута. Есенскиот ефект на овие играчи е: Јошески – 3 гола, Талески – 10. Победа уште кога поведе и направи комплетен пресврт веќе се означи победникот на овој меч. Значајни три бода за екипата на Стојанче Дунимаглоски, а мошне солидно издание на тимот на некогашниот селектор Ѓоре  Јовановски.

ПОБЕДА: Столевски, Ивчески, Андоновски (43. Д. Шаркоски), Н. Талески, Д. Дебрешлиоски, Јошески (81. Д. Н. Паскоски), Кукески, С. М. Спиркоски (81. Арифи), Да. Спиркоски (67. М. Талески), Ѓурчиновски (67. Ристов), Богевски. Тренер: Стојанче Дунимаглоски.

ВАРДАРСКИ: Дранго, Зенговски (37. Пеев – 73. Бошков), Миленковиќ, Николовски, Чеков, Радевски, Стојков, Мингов (60. Стојанов), Спасовски, Баламов, Карамитров. Тренер: Тренер: Ѓоре Јовановски.

 

 

 

 

РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО: Победа – Вардарски 6:2, Борец – Вардар Н. 1:2, Македонија ЃП – Брегалница 3:0, Арсими – Детонит 2:1, Беласица – Кожуф 0:0, Охрид – Скопје 1:1, Башкими – Осогово 5:1, Новаци – Саса 0:1.

ТАБЕЛА: Македонија ЃП и Башкими 26, Брегалница 24, Арсими 23, Охрид 20, Кожуф 17, Беласица 16, Детонит и Саса 15, Победа 13, Новаци и Вардар Н. 11, Скопје 10, Осогово и Борец 5, Вардарски 2.

СЛЕДНО 12. КОЛО (недела, 10 ноември, 13 часот): Осогово – Победа, Вардар Н. – Саса, Вардарски – Новаци, Скопје – Башкими, Кожуф – Охрид, Детонит – Беласица, Брегалница – Арсими, Борец – Македонија ЃП.

                                             

ЕДНОМИНУТНО МОЛЧЕЊЕ

Пред мечот Победа – Вардарски имаше едноминутно молчење од сите присутни на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп во знак на почит кон синоќа починатиот на 71 година Јове Магдески, некогашен легендарен играч и тренер на Победа. Играчката кариера му беше меѓу 1969 и 1982 година, а тренерската меѓу 1987 и 1991 година.

Магдески беше избран за најдобар спортист на Прилеп за 1977 година.

 

Од категоријата

ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР!

Зоран Иге

И ПЕТ ГОЛА НЕ СЕ ДОВОЛНИ!

Зоран Иге

ПРЕТСТОИ ПРИЛЕПСКОТО ГРАДСКО ДЕРБИ НА ЛУТИТЕ РИВАЛИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе