Фудбал

КАНАТЛАРЦИ ПО ШЕСТАТА СЕРИЈА СТАНА ФИНАЛИСТ

Екипата на Канатларци е вториот финалист од плеј-офот за првак на ОФС Прилеп, откако попладнево со 6:5 во серијата пенали го совлада Мукос од Дреновци, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Во основниот дел од натпреварот беше нерешено, 2:2. Мукос во првото полувреме даде два гола, поведе со 2:0, со головите на Мартин Димески  и на Миле Стојчески.

Но во второто полувреме дојде до пресврт. Со головите на Денис Мустафоски од пенал и Ферат Амедоски Канатларци го израмни резултатот на 2:2. До крајот немаше победник и по исклучувањето на Оскан Исламоски од Канатларци. Во серијата шест пенали за Мукос пет гола дадоа Николче Ристески, Миле Стојчески, Мартин Димески, Благоја Димкоски и Зоран Ристески, додека за Канатларци сите шестмина беа реализатори –  Бурхан Алиовски, Ферат Амедоски, Мехмедали Јусуфоски, Денис Мустафоски, Октај Јусуфоски и Окан Јусуф, па со 6:5 Канатларци оди во финалето.

Противник на Канатларци е Гарван од Десово, по победата од 1:0 над Влазними јуниор од Пресил.

Видео :https://youtu.be/B5rAMazlU94

Од категоријата

ТРЕТИОТ ГОЛ ВО КАМЕНИЦА Е ЗА ПОБЕДА!

Зоран Иге

ПОБЕДА ТРИ ДЕНА ВО СКОПЈЕ

Зоран Иге

МЕТЕЖ ОКОЛУ ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ МИТРЕСКИ ПРЕД ДЕНЕШНИОТ МЕЧ СЕНЕГАЛ – ХОЛАНДИЈА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе