Пинг-понг

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ МОЖЕ ДА БИДЕ ЕСЕНСКИ ПРВАК!

Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје беа мечевите од 6. и 7. коло на Супер лигата на Македонија во пинг-понг. Лидерот на табелата, Младост 96 од Прилеп, постигна две победи со кои речиси ја обезбеди позицијата есенски првак. Прво со 4:1 совладан е Шампион ФА од Штип. За Младост 96 по две партии добија Ѓорѓе Борчиќ и Антонио Стомнароски. Потоа со 4:3 совладана е Пелагонија од Битола. На овој меч за Младост 96 две партии доби Ѓорѓе Борчиќ, една Антонио Стомнароски и двојката Нико Доага / Ѓорѓе Борчиќ.

РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО: Вардар – Берово 4:2Младост – Телеком Нец 2 1:4Крива Паланка – Радовиш 4:1Шампион ФА – Младост 96 1:4Пелагонија – Астраион 2:4. РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО: Астраион – Вардар 4:1Младост 96 – Пелагонија 4:3Радовиш – Шампион ФА 1:4, Телеком Нец 2 – Крива Паланка 3:4Берово – Младост 4:0.

ТАБЕЛА: Младост 96 14, Астраион, Шампион ФА, Телеком нец 2 и Крива Паланка 12, Пелагонија 10, Радовиш и Вардар 9, Берово 8, Младост 7.

СЛЕДНО 8. КОЛО (24 ноември): Вардар – Младост, Крива Паланка – Берово, Шампион ФА – Телеком нец 2, Пелагонија – Радовиш, Астраион – Младост 96. КОЛО 9.: Младост 96 – Вардар, Радовиш – Астраион, Телеком нец 2 – Пелагонија, Берово – Шампион ФА, Младост – Крива Паланка.

 

Од категоријата

ПРИЛЕП ДЕНЕСКА СТАНА ПРВОЛИГАШ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНЧЕТО МАРТИН СО СРЕБРЕН МЕДАЛ НА ТУРНИРОТ КАДЕ УЧЕСТВУВАА 12 ДРЖАВИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИ КЛУБ СО ИГРАЧИ НА ЕВРОПСКО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе