Кошарка

ПРЕТСТОИ ПОЛНЕЊЕ НА САЛАТА ВО ПРИЛЕП ОТИ ГОСТУВА СИЛЕН ТИМ!

Викендов е 8. коло од Втората кошаркарска лига на Македонија, во тие рамки и дуелот Мега баскет – Борец. В сабота (19,30 часот) претстои голема битка во салата од ОУ „Добре Јованоски“ во Прилеп. Тоа го навестува изгледот на табелата – Борец со 13 бода (6 победи и 1 пораз), Мега баскет со 11 бода (4 победи и 3 порази). Меѓутоа, прилепскиот тим на тренерот Мико Голубовиќ досега се покажа доволно силен за да се спротивстави на секој ривал, како што тоа беше минатата сабота, кога се случи големиот триумф врз струшкиот Црн Дрим. Поради сето ова утревечер се очекува полна сала со публика и силна поддршка за домашната екипа.

ДВОЈКИ ЗА 8. КОЛО: Мега баскет – Борец, Работнички – Маџари, Црн Дрим – Соколи, Водно – Ангели, МЗТ Уни банка – Академија ФМП, Бутел – Охрид.

ТАБЕЛА: Соколи и Борец 13, Ангели и Црн Дрим 12, Маџари, Охрид и Мега баскет 11, Бутел и МЗТ Уни банка 10, Работнички и Водно 8, Академија ФМП 7.

 

 

СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО: ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ…

СЕ ЗА ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…

НА 076 502 403

Од категоријата

ВЕЧЕРВА РАБОТНИЧКИ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

МЕГА БАСКЕТ ВТОРПАТ ПОБЕДИ ВО СКОПЈЕ!

Зоран Иге

ВЕЧЕРВА ПОЛНА САЛА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе