Наспроти најавата дека вечерва ќе има прилепско – скопски дуел во рамките на 1. коло од Втората кошаркарска лига на Македонија, се случи прилепско – струмички дуел. Така е затоа што непосредно пред стартот на првенството клубот Струмица го зазел местото на скопскиот Академија ФМП. Вечерва, при влегување во салата од ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп беше несекојдневно изненадување кога на загревање на паркетот се појавија кошаркари на чии дресови пишуваше КК Струмица. Сепак, бидејќи се работи за фузија на двата клуба, во записникот беше запишано името на Академија ФМП.
Што се однесува до натпреварот, гостинскиот тим ја доби првата четвртина со 20:15, а во следните три подобар беше домаќинот, со 20:13, 21:17 и 30:13.
МЕГА БАСКЕТ: Стевананџија 20, Кочовски, Јаневски 9, Стевановски 2, Кузманоски 3, Велески 11, Петровски 2, Чакревски, Домлески 2, Несторовски, Стојановски 20, Нешиќ 17. Тренер: Мико Голубовиќ.
АКАДЕМИЈА ФМП: Петров 9, Тодосиев 4, Ѓорѓиев 8, Панов 13, Ахтаров 4, Цункински 2, Тодороски 7, Серафимоски 12, Мирчовски, Јакимовски 4. Тренер: Илија Христов.
РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО: Мега баскет – Академија ФМП 86:63, Охрид – Маџари 74:81, Борец – Ангели 86:90, Црн Дрим – Водно 107:99, Бутел – Соколи 72:80, Работнички 2018 – МЗТ Уни 61:72.
СЛЕДНО 2. КОЛО: Соколи – Мега баскет, Водно – Работнчки 2018, Маџари – Црн Дрим, Академија ФМП – Борец, МЗТ Уни – Бутел, Ангели – Охрид.