Шах

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ СТАНОЈОСКИ ВИЦЕШАМПИОН ВО БЕЛГРАД, ПО ДЕВЕТ ДЕНА БОРБА ДОБАР НАСТАП И НА ВЕЛЕСКИ!

Македонија најубаво ја претставија двајца прилепчани на 37. издание од престижниот шаховски „Трофеј на Белград“. Одлична игра на велемајсторот Звонко Станојоски. На 9 партии постигна 6 победи (против Јасасви Кришна Боми од Индија, Батор Жамбалов од Русија, ВМ Светлана Прудникова од Србија, Александрос Лефтериотис од Грција, Михаел Кернер од Израел и Раван Угнузов од Азербејџан), трипати ремизира (со ИМ Бо Ли од Кина, ФМ Иван Мартиќ од Србија и Михаил Триантафилидис од Грција), па со вкупно 7,5 поени е на второто место, веднаш под ИМ Бо Ли од Кина, со ист број поени – 7,5. Тие се единствените коишто освоија по 7,5 поени, а подолупласираните имаат по 7 (четворица), по 6,5 (деветмина) итн. За второто место Станојоски доби сребрен медал и парична награда – 1.000 евра.

Добра игра на турнирот прикажа и вториот македонски претставник, прилепчанецот ФМ Роберт Велески. Тој постигна 3 победи (против Љубиша Маслар и Никола Миланко од Србија, Хаолинг Лиу од Кина), петпати ремизира (со Стефан Тасковиќ, ФМ Драган Мариќ и Марко Ивановиќ од Србија, Јунхе Лианг од Кина, Хабил Јавадов од Азербејџан), а доживеа само 1 пораз (од ИМ Давид Геворгјан од Ерменија). Со 5,5 поени го освои 31. место.

Учествуваа 167 шахисти од 22 држави.

 

СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО: ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ…

СЕ ЗА ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…

НА 076 502 403

Од категоријата

ВЕЛЕСКИ ГО ПРЕТСТАВУВА ПРИЛЕП ВО СКОПЈЕ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП ТРЕТ, АЛКАЛОИД ПРВ!

Зоран Иге

ЕВРОПСКО: ПРИЛЕПСКИОТ ФИДЕМАЈСТОР Е ПРИ ВРВОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе