Интересна спортска личност е Гоце Тошески, прославениот пингпонгар и пингпонгарски тренер. Каде и да оди, секогаш се враќа таму откаде што почна – од родниот Прилеп. Како тренер беше во Шведска, се врати во клубот Младост 96 и успеа да стигне до шампионскиот пехар. Сега повторно е во странство, во Германија, но од пред една недела пак е во Прилеп, каде ги реализира подготовките за одбрана на позицијата есенски суперлигашки првак. Тоа подразбира атак на нова титула државен шампион на Македонија. На располагање се играчите: Андреј Лашкоски, Антонио Стомнароски, Лука Огненоски, Нико Доага, Ѓорѓе Борчиќ, Влада Борчиќ… Напролет Александар Рикалоски ќе биде напомош на соседниот клуб Младост.
Тошески е успешен и во Германија, каде тамошниот клуб го носи во ранг погоре од досегашниот.