Во Скопје во СЦ Јане Сандански започна пингпонгарското првенство,каде се одигра првото коло од Супер лигата. Вицешампионот од минатата сезона Младост 96 имаше успешен старт на првенството и со резултат 4:2 извојува победа над екипата на Радовиш. Настапија: Андреј Лашкоски кој извојува две победи, Антонио Стомнароски со една победа и новиот играч на клубот Нико Доага кој извојува една победа.Резерва беше Александар Рикалоски.Иако ослабена, без странците, браќата Влада и Ѓорѓе Борчиќ,како и без Петар Костовски ,екипата покажа дека и оваа година главна цел ќе биде титулата.
Вториот прилепски претставник, Младост, со 1:4 загуби од Шампиони ФА. Единствениот поен го освои ветеранот Зоран Јованоски, тренерот на екипата. Во тимот беа уште Фани Јованоска и Теодор Волкановски. Отсуствуваше Ѓоко Јочкоски.
РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО
Шампиони ФА (Штип) – Младост (Прилеп) 4:1, Младост 96 (Прилеп) – Радовиш 4:2, Крива Паланка – Вардар (Скопје) 4:1, Астраион (Струмица) – Телеком Нец 2 (Скопје) 3:4, Пелагонија (Битола) – Берово 4:0.
СЛЕДНИ КОЛА (20 октомври), 2. КОЛО: Телеком нец 2 – Младост 96, Младост – Пелагонија, Вардар – Радовиш, Берово – Астраион, Крива Паланка – Шампиони ФА. КОЛО 3.: Астраион – Младост, Младост 96 – Берово, Шампион ФА – Вардар, Пелагонија – Крива Паланка, Радовиш – Телеком нец 2.
,