Во 9. рунда од Бизнис лигата во мал фудбал на Прилеп се случија неочекувани резултати. Се работи за два меча на кои досега непоразените загубија, Мермерен комбинат – Тренери Техномото 0:3 и Витаминка – Микросам 2:3. Екипата Мермерен комбинат досега немаше ниту пораз ниту реми ами само победи, а Витаминка само едно реми и сите други победи. По поразот на Мермерен комбинат, Витаминка имаше шанса за искачување на врвот, но ја испушти. Меѓутоа, ова беше само 9. коло, така што далеку е крајот на првата фаза, а претстои и втората, па плејофот… Во секој случај, има што убаво да се види секоја недела во салата „Еврогол арена“.
РЕЗУЛТАТИ 9. РУНДА:
МВР Тобако – Спорт лајф 3:0
Гентерм – Кабелнет 4:3
Паркетар Горан Електроелемент – Футура 3:1
Мермерен комбинат – Тренери Техномото 0:3
СОНК – Тутунски комбинат 3:0
Адвокати – Ла пјаца Порта 8:4
Витаминка – Микросам 2:3
ВИК – Комфи ангел 1:0
Македонски пошти – Војници Ресторан Деспина 4:2
ТАБЕЛА
Мермерен комбинат 24
СОНК 24
Витаминка 22
МВР Тобако 22
Гентерм 21
Тренери Техномото 20
Војници Ресторан Деспина 18
ВИК 16
Паркетар Горан Електроелемент 15
Адвокати 12
Македонски пошти 10
Кабелнет 9
Микросам 7
Футура 6
Комфи ангел 6
Ла пјаца Порта 4
Тутунски комбинат 3
Спорт лајф 0.
076 502 403
ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403