Двете кола, 11. и 12., во рамките на Супер лигата на Македонија во пинг-понг за мажи, беа мошне успешни за двата прилепски тима. Лидерот на табелата, Младост 96 постигна две победи. Прво го доби дербито со скопскиот Телеком нец 2 со 4:3, со партии освоени од Србинот Ѓорѓе Борчиќ, Антонио Стомнароски, Андреј Лашкоски и двојката Ѓорѓе Борчиќ/Андреј Лашкоски. На вториот меч, Младост 96 со 4:0 го совлада Берово, со партиите добиени од Ѓорѓе Борчиќ две, по една од Антонио Стомнароски и од Нико Доага.
Вториот прилепски тим, Младост со 4:3 ја совлада битолската екипа Пелагонија, по заслуга на Србинот Душан Анѓеловиќ кој доби две партии, една на тренерот/играч Зоран Јованоски, како и двојката Душан Анѓеловиќ/Александар Рикалоски. На вториот меч, Младост со 2:4 загуби од струмичкиот Астраион, при што двете партии ги доби Душан Анѓеловиќ. За победа се освојуваат два, за пораз еден бод.
РЕЗУЛТАТИ ОД 11. КОЛО: Радовиш – Вардар 4:0, Младост 96 – Телеком нец 2 4:3, Астраион – Берово 4:0, Пелагонија – Младост 3:4, Шампион ФА – Крива Паланка 1:4. РЕЗУЛТАТИ ОД 12. КОЛО: Вардар – Шампион ФА 2:4, Крива Паланка – Пелагонија 4:0, Младост – Астраион 2:4, Берово – Младост 96 0:4, Телеком нец 2 – Радовиш 4:1.
ТАБЕЛА: Младост 96 – 24, Крива Паланка 22, Телеком нец 2 – 21, Шампион ФА и Астраион 20, Пелагонија и Радовиш 16, Вардар 15, Берово 13, Младост 11.
СЛЕДНИ КОЛА (13 април)
КОЛО 13: Телеком нец 2 – Вардар, Радовиш – Берово, Младост 96 – Младост, Астраион – Крива Паланка, Пелагонија – Шампион ФА. КОЛО 14: Вардар – Пелагонија, Шампион ФА – Астраион, Крива Паланка – Младост 96, Младост – Радовиш, Берово – Телеком нец 2.