Првата бразилска фудбалска лига отсекогаш била меѓу најценетите во светот, а така беше и пред повеќе од половина век. Токму од таа лига третопласираниот на табелата, Јувентус од Сао Паоло, гостуваше во Прилеп, на пријателски меч со Победа, тогаш југословенски второлигаш. Дуелот се случи на 20 јуни 1972 година. Мечот беше во чест на левиот бек Цане Конески, кој токму тој ден ја заврши кариерата.
ПОБЕДА – ЈУВЕНТУС 1:3
Стрелци: Ристо Глигороски (Победа) – Серџо Пинолос 2, Зиси (Јувентус).
ПОБЕДА: Истатов, Мечев, Ц. Конески (Сребров), Дрвошанов, М. Николоски, Арсов (Балевски), Митрев (Ѓ. Николовски), Магдески, Глигороски, Шекуларац, Ѓорѓијески.
ЈУВЕНТУС: Сержо (Луис Граси), Селсо, Карлос, Оскар (Луис Антони Бендето), Роберто Брида, Франциско, Антонио (Мауро де Носцименто), Адинан, Серџо Пинелос (Луис де Мирале), Муафен Брида, Зиси.
Како што може да се забележи, за Победа настапија засилувања од други клубови – Сребров, Балевски (Вардар), Шекуларац (Црвена звезда).