Македонија вечерва е на мегдан со Португалија, во баражот за Светското првенство. Пред дуелот во Порто, во домашниот тим во фокусот е Кристијано Роналдо.
„Имаме голема самодоверба, чувствувам дека сите наши играчи се спремни. Овој натпревар за нас е прашање на живот или смрт. Свесни сме колку е важен натпреварот и токму затоа мора да ја искористиме оваа шанса пред нашите навивачи“, рече Роналдо.
Претходно Македонија сензационално ја исфрли Италија од баражот за Светското првенство. Португалската ѕвезда во врска со ова е оригинален.
„Наместо со Италија, играме со Македонија и нормално е дека луѓето мислат оти имаме полесен противник. Но, ќе биде тоа тежок дуел оти тие заслужија да бидат тука. Мошне добро се организирани. Меѓутоа, ако одиграме на своето ниво, ние можеме да победиме секого на светов„, порачува Роналдо.
Сепак, во фудбалот, како во ниеден друг спорт, неретко се случува фаворитот да доживее „стрес“, а немаме ништо против тоа да се случи и вечерва во Порто.