Во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, викендов е 14. Меѓународен шестоаприлски турнир во стрелаштво со воздушно оружје, на кое учество ќе земе и репрезентацијата на Македонија. Во дисциплината воздушна пушка се Мартин Ангелески, Ирина Јованоска, Магдалена Ристеска (Херој Прилеп), Анастасија Мојсовска, Никола Блажевски (Стрелец, Скопје), а во дисциплината воздушен пиштол е олимпиецот Борјан Бранковски (Стрелец, Скопје). Борбата за медал ќе биде мошне тешка, со оглед на присуството на 120 стрелци од 11 држави. Натпреварите се во стрелиштето „Зетра“.
Поддршка за македонските стрелци во Сараево се претседателот на Македонската спортска стрелечка федерација, Јордан Тасевски и селекторот на репрезентацијата на Македонија, Трајче Дамевски.