Ретко се забележува фудбалски натпревар каде 90 минути нема извршено ниедна измена. Сепак, тоа го има во најниските рангови. Така и на дуелот Пролетер – Прилеп сити, во 5. коло од Општинската Б-лига на Прилеп. Во домашната екипа имаше еден играч на резервната клупа кој не влезе во игра, а во гостинската немаше ниеден резервен фудбалер. Така двата ривала со тие постави што започнаа, со истите го завршија мечот. Не само што издржаа по студеното време на игралиштето со вештачка трева, туку и им успеа да постигнат 11 гола. Пролетер даде шест гола – три од Денис Шерифоски, по еден од Ернес Алиоски, Асан Еминоски и Енис Асаноски, а за Прилеп сити два даде Димитар Грозданоски, по еден Виктор Димоски, Оливер Петрески и Александар Јанкулоски.
Беше прва победа за Пролетер кој во наредното коло оди во Боротино, додека Прилеп сити првиот триумф ќе го бара дома со Стрела.