Ракомет

ПРИЛЕП СО ШАНСА ЗА ПОБЕДОНОСНА СЕРИЈА

Во борбата за опстанок во машката ракометна Супер лига вечерва се игра важен меч, Прилеп – Радовиш. Домашниот тим на тренерот Горан Кузманоски – Таста има шанса за врзување две победи во серија, по успехот на гости во Струга. Со евентуален триумф се враќаат шансите за второто место во групата од плеј-аутот. На табелата убедливо води Пролет со 14 бода, пред Струга со 10 и меч повеќе, Прилеп има 6, Скопје 4, Радовиш 3. И радовишаните се за респект, бидејќи претходно изненадија со првата победа, дома над Скопје, тим кој вечерва игра со Пролет. Вечерашниот дуел во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп ќе го судат Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев, делегат е Русе Наумовски, сите од Скопје.

Мечот Прилеп – Радовиш вечерва од 19 часот може да се гледа на овој линк:

https://www.youtube.com/watch?v=WmE653jrXLs

Од категоријата

ДВАЈЦА ГРУЗИЈЦИ ЗАМИНАА, ДВАЈЦА ОСТАНАА!

Зоран Иге

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ВО ПРИЛЕП: НА ПОЛУВРЕМЕ ГУБЕА, ПА ПОБЕДИЈА СО 12 РАЗЛИКА!

Зоран Иге

РАКОМЕТОТ Е ПРЕД ВИКЕНДОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе