Ракомет

ПРИЛЕП СО ПОБЕДА ПРЕТЕНДИРА ЗА 2. МЕСТО

До крајот на плеј-аутот и борбата за опстанок во машката ракометна Супер лига остануваат уште четири кола, од кои првото од нив е денеска. Во Прилеп домашниот тим се среќава со Скопје. По победите со Струга и Радовиш, еве шанса за тимот на тренерот Горан Кузманоски – Таста и за трет триумф во серија. Ако победи, со новите три бода Прилеп би имал 12 и на тој начин претендира на второто место од табелата, каде е Струга со 11. Стружани имаат тежок ривал денеска во Пролет, кој досега има само победи во оваа фаза. Дуелот во прилепската сала „Ристе Ристески – Ричко“ го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски, делегат е Ацо Николовски, сите од Скопје.

Вечерашниот меч од 18 часот може да се гледа на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=xT4mkQ17FWU

Од категоријата

РАКОМЕТ ВО ВТОРНИК

Зоран Иге

„ФИНЕЦОТ“ ТРЕНЧЕВСКИ СЕ ВРАТИ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

ПРИЛЕП СО ШАНСА ЗА ПОБЕДОНОСНА СЕРИЈА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе