Таленти

ВАРДАР НОКАУТИРАН, ТОА И ГОДИ НА ПОБЕДА!

Предмалку екипата на скопски Вардар загуби со 2:1 во Битола од Пелистер, во 23. коло од Младинската фудбалска супер лига. Стрелци се Мартин Богданоски во 5. и Христијан Торнески во 33. минута за Пелистер, а Никола Величковски во 87. за Вардар. Овој резултат и годи на прилепска Победа, која е кандидат за титулата шампион. Така, на табелата Вардар води со 52 бода, но со два меча повеќе од Победа која има 50. Прилепските млади фудбалери се со голема шанса да се искачат на првото место и таму да останат до крајот. Оттука внимание привлекува утрешниот дуел во Прилеп, каде Победа го чека скопски Работнички, тим на 12. место со 11 бода. Се очекуваат многу гледачи покрај игралиштето со вештачка трева.

Мечот Победа – Работнички утре (недела) почнува во 12 часот.

Од категоријата

ПРИЛЕПЧАНИ СО СЕРИЈА ОД 26 ДАДЕНИ, А НИЕДЕН ПРИМЕН ГОЛ!

Зоран Иге

НЕ Е КРАЈ – ИМА УШТЕ ЕДНА ШАНСА ЗА МНОГУ ПУБЛИКА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПОБЕДА ДЕНЕСКА СТАНА МЛАДИНСКИ ШАМПИОН!!!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе