Денеска е вториот полуфинален меч од плеј-офот за првак на ОФС Прилеп, помеѓу Канатларци и Мукос од Дреновци. Екипата на Канатларци го освои првото место во лигата А1, освојувајќи 19 бода од 8 меча. Тимот на Мукос е второпласиран во лигата А2, со 22 бода од 10 меча. Кој е појак – првиот од едната или вториот од другата група? Нема фаворит, ако се има предвид дека неизвесно до крајот беше и вчерашното полуфинале Гарван од Десово – Влазними јуниор од Пресил, на кое со 1:0 победи првопласираниот од А2 групата над вториот од А1. Денешниот дуел е од 17 часот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.
За попладнево судии се Душко Стојсављевиќ, Марјан Смилкоски и Дино Конески, делегат Горанчо Макалоски.