Фудбал

РОНАЛДО ЗАПИШАН КАКО СТРЕЛЕЦ И КАЈ НАС!

Отворено, напаѓачки се игра во Третата фудбалска лига – Југ, па затоа и често се тресат мрежите. Попладнево на два натпревара паднаа 22 гола, на секој по 11! Во Неготино домашниот Вардар со 6:5 ја совлада Марена. Стрелци за Вардар беа Петар Најдов во 12., Горан Соколов во 16. и 34., Петар Ристовски во 27., 36. и 39. минута, а за Марена головите ги дадоа Роналдо Фазлиов во 25., Давид Елезов во 31., Александар Велјанов во 44., 69. и 80. И во Велес несекојдневен резултат, Превалец со 8:3 го победи Росоман. Стрелци: Трајче Ѓорѓиевски во 13., Бобан Атанасовски во 14. и 61., Ангел Гаштев во 55., Кристијан Маневски во 67., Антонио Чоков во 75., Бобан Дукадиновски во 86., Пеце Стојанов во 88. минута за Превалец, а Игор Ѓорѓиев во 22., 80. од пенал и во 86. минута за Росоман.

РЕЗУЛТАТИ ОД 19. КОЛО: Динамо – Ново Црнилиште 4:2 (Мартин Мечев 10. од пенал, 20. и 25., Димитар Китаноски 17.), Големо Коњари – Питу Гули 2:1 (Николче Касниоски 24., Игор Тошев 78. – Оливер Велевски 65.), Слога – Младост 3:0 (Адмир Угљанин 17. и 54., Александар Неделкоски 19.), Бучин – Обршани 1:1 (Ѓорѓија Мургоски 85. – Пеце Аџиоски 50. автогол).

ТАБЕЛА: Вардар 47, Превалец 44, Питу Гули 35, Росоман 34, Големо Коњари 30, Ново Црнилиште 28, Динамо 25, Марена и Слога по 20, Бучин 15, Младост 13, Обршани 12, Возарци 3.

СЛЕДНО 20. КОЛО (вторник 17,30 ч.): Росоман – Вардар, Питу Гули – Превалец, Марена – Бучин, Обршани – Слога, Младост – Динамо, Ново Црнилиште – Возарци.

Од категоријата

ЗА ДА ИГРА ЗА ПОБЕДА, „ЛЕТА“ ПО 3700 КИЛОМЕТРИ!

Зоран Иге

ПОБЕДА ВО ДРУШТВО НА ШКЕНДИЈА, РАБОТНИЧКИ И МАКЕДОНИЈА ЃП!

Зоран Иге

ЗАВРШИ ПАУЗАТА ОД 16 ДЕНА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе