Актуелниот македонски машки пингпонгарски шампион, Младост 96 ќе ја брани титулата во финалето од плеј-офот. Прилепскиот клуб ова го заслужи со денешниот триумф од 4:0 над Шампион ФА во Штип. Поединечните победи ги постигнаа: Србинот Стефан Костадиновиќ со 3:0 над Сашко Богатинов, штипјанецот Петар Костовски со 3:0 против Филип Младеновски, Андреј Лашкоски со 3:2 над Дамјан Стојчев и повторно Костовски со 3:0 против Богатинов. Бидејќи и вчера во Прилеп победи Младост (со 4:1), екипата на тренерот Гоце Тошески е во финалето, каде ја чека Крива Паланка по триумфот врз Телеком нец 2.
Пред да се одигра финалето Младост 96 на 28 мај ќе настапи на Трофејот на Европа во Одорхеи, Романија.