Таленти

ПУБЛИКАТА ЌЕ ГО ВИДИ ТИМОТ ЗА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ!

За младинскиот фудбалски тим на Победа денешниот е последен натпревар сезонава дома, а прв на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Затоа ова е прва можност на многубројната прилепска публика  да ја поздрави екипата која на две кола пред крајот од Младинската супер лига стана шампион на Македонија. Ова е само прв натпревар на стадионот, а се знае дека на овој објект ќе има  во иднина повеќе натпревари, секако и дуелот кој ќе биде во јуниорската Лига на шампиони на УЕФА. Така, од денешниот меч од 25. коло Победа – Њу старс Скопје, погледите се вртат кон тој евро-настап, со исчекување на ждрепката за првиот противник. Младинската екипа на Победа заслужува да биде видена од илјадници гледачи, не само заради бројките – најмногу бодови (56), најмногу победи (18), најмногу дадени голови (72), најмалку примени голови (12), најдобра гол-разлика (плус 60), позитивен биланс со сите 12 ривали, туку овие момчиња треба да ги види полн стадион затоа што изведуваат такви колективни и индивидуални акциии, според оние од престижните европски првенства. Тренерите Кирил Овезоски и Филип Мирчески ги имаат на располагање: Марко Маркоски, Виктор Јорданоски, Михаил Јакопетревски, Давид Иваноски, Филип Тодороски, Леонардо Богданоски, Христијан Јосифоски, Андреј Аризанкоски, Мартин Талески, Христијан Поп-Антоски, Давид Дебрешлиоски, Стефан Аљакоски, Давид Крстески, Ѓорѓи Печијарески-Ацески, Коста Степаноски, Симеон Миноски, Димитри Кочоски.

Пред почетокот или по завршувањето на мечот се очекува свечена церемонија со доделување на шампионскиот пехар од претставник на ФФМ. Почетокот е од 17,30 часот, а во негова предигра е кадетскиот дуел Победа – Њу старс.

Од категоријата

ПОБЕДА И СО МЕЧ ПОМАЛКУ ИМА БОД ПОВЕЌЕ!

Зоран Иге

РАБОТНИЧКИ Е НОВА „ЖРТВА“ НА ПОБЕДА?

Зоран Иге

ПОБЕДА ДЕНЕСКА СТАНА МЛАДИНСКИ ШАМПИОН!!!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе