Фудбал

ЖЕСТОКО И НА ТЕРЕНОТ И НА ТРИБИНАТА ВО ПРИЛЕП!

Денеска се означува крај на фудбалската сезона во Прилеп. На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ се игра финалето од плеј-офот за првак на ОФС Прилеп, помеѓу Канатларци и Гарван од Десово. Двете екипи беа успешни во полуфиналето, каде Канатларци со 6:5 на пенали (регуларно 2:2) го совлада Мукос од Дреновци, а Гарван со 1:0 беше подобар од Влазними јуниор од Пресил. Победникот на денешниот дуел станува член на Третата лига – Југ. Оттука се очекува присуство на голем број гледачи. Освен домашната, прилепска, неутрална публика,  ќе има навивачки групи од Канатларци и од Десово. Покрај на теренот, сигурно ќе биде жестоко и на трибината. За судиската правда се делегирани: Влатко Илиоски, Зоран Костоски, Весна Спиркоска – Тофилоска, четврти судија е Кирил Смоквоски, делегат-контролор Жарко Ѓорески.

Денешниот дуел е со почеток во 17 часот.

Од категоријата

ПОБЕДА СИГУРНО ОПСТАНУВА?

Зоран Иге

СТОМНАРОСКИ ГОЛОТ МУ ГО ПОСВЕТИ НА СВОЈОТ БРАТУЧЕД!

Зоран Иге

ПОБЕДА Е ВО ПОЛУФИНАЛЕТО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе