Сезонава во ракометната Женска лига е нешто послаба во споредба со минатата за екипата на Деспина. Прилепскиот тим минатата година беше на 5. место, така обезбедувајќи настап во Европа, а сега е две места подолу, 7. место. Сепак, се чини, успех за овој состав е и самото учество во плеј-офот, каде во последното коло беше поразот дома со 19:30 од Куманово. Тоа го искористи Стружанка, која со победата над Пелистер се искачи на 6. место. Досегашниот шампион Куманово е на 2. место, а 1. место и титулата се за Ѓорче Петров.
РЕЗУЛТАТИ: Деспина – Куманово 19:30, Стружанка – Пелистер 30:20, Ѓорче Петров – Металург 24:19, Вардар – Чаир 31:28.
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров и Куманово по 39, Металург 33, Вардар 28, Чаир 21, Стружанка 10, Деспина 8, Пелистер 7.