Екипата на Победа за малку не стигна до освојување на Купот на Македонија во категоријата помлади пионери. Предмалку во Струга, Вардар со 3:2 ја совлада Победа. Стрелци: Алтин Алији во 10. и 24., Матеј Гаштаров во 90. минута за Вардар, а Стефан Бончаноски во 16., Дарио Спиркоски во 78. минута за Победа. Пресудна беше 90. минута.
Во првенството од пионерската Супер лига, Вардар е прв, Победа седма меѓу 14 тима.