Фудбал

СЕ УШТЕ ТИВКО ВО ПОБЕДА

Кој ќе биде тренер, со кои играчи екипата на Победа ќе настапи во претстојното првенство од Првата лига, ова се прашањата кои цел месец се поставуваат меѓу сите што го сакаат клубот. Меѓутоа, се е тивко во клубот, нема многу официјални информации.

Во врска со играчкиот кадар, единствено се знае дека Дарко Анѓелески е заминат во кратовски Силекс. Се очекува информација дали сите други остануваат. Тие се уште чекале средба со клубот. Исто така не се знае кои се потенцијалните засилувања. Тука единствено се споменува Нигериецот Удома Чуквума од Пелистер, кој изразил силна желба да и пристапи на Победа, па две-три недели престојувал во Прилеп.

Приоритетно е прашањето за тренер, шеф на Стручниот штаб. Откако е демантирано доаѓањето на Црногорецот Славољуб Бубања, се спомнуваат повеќе други стручњаци од Прилеп и државата. Но не е исклучена можноста за останување на битолчанецот Димитар Капинковски, кој во клубот беше од крајот на есенската полусезона до крајот на второлигашкото првенство.

Управата настојува да обезбеди услови и финансии со поддршка на Општината и приватниот сектор. Можеби се ќе станува појасно по почетокот на преодниот рок, утре.

.

Од категоријата

(ВИДЕО) БАБУНСКИ: СЕ НАДЕВАМ ДА ПОТПИШЕ ИГРАЧОТ СО ИСКУСТВО ОД БЕЛГИЈА!

Зоран Иге

(фото, видео, состави) ЧЕТВРТИ ТРИУМФ НА ПОБЕДА, „СТОТКА“ ЗА СТОМНАРОСКИ!

Зоран Иге

ФУДБАЛЕРКА НА ДЕСПИНА ВО ТРИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе